Ракометарот на Металург, Филип Кузманоски со оперативен зафат ќе ја санира повредата на раката добиена на мечот со Татран Прешов во Лигата на Шампиони.


Рехабилитацијата од операцијата ќе трае два месеци, што станува јасно дека бекот на Металург ќе отсустува од ракометниот Мундијал кој ја очекува Македонија во Франција во јануари следната година.

Отсуството на Кузманоски ќе биде голем пех за селекторот Лино Червар и македонската селекција која остана без Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски на бековски позиции по нивното повлекување.

Македонија на СП во Франција во групата се наоѓа со Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.

OhridNews