Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузманоски го раскина договорот со Металург и веднаш ја официјализираше соработката со Еурофарм Работник.
За средниот и левиот бек ова ќе биде враќање во својот ракометен дом Битола, откако тој кариерата ја започна во Пелистер. Договорот со „фармацевтите“ има важност до крајот на оваа сезона.
После завршување на оваа сезона репрезентативецот на Македонија ќе се пресели во германскиот бундеслигаш Магдебург.
OhridNews