Јувентус славеше со 2-0 над Кјево во мечот кој го одбележа напаѓачот Кваљарела. Тој бункерот пред гостинскиот гол го начна во 64 минута, а го сруши во 68 минута.

Во останатиот натпревар, Парма со голот на Валдес од пенал во судиското надоплнување извлече бод против Фиорентина. Претходно двете екипи не реализираа удари од белата точка.