Седмото издание на „Summer Comedy Marathon“ ќе се одржи од 21 јули до 13 август во Охрид. Организаторите и учесниците ветуваат квалитетна и шаренолика програма за сечуј вкус.
Маратонот на комедијата започнува со добро познатото шоу за јавноста „2 Мothers Brothers and 2 cousins“ во 21 часот во „Monastery Winery“ во Опеница. Постоа следуваат неколку настани во Џез Ин, како и шоуто „Dos Comicos“ во Куба Либре каде ќе гостува Бранко Крсмановиќ од Србија. Завршувањето на првиот дел е на 31 јули во Планиснката куќа Сприродн со настап на „Културно-уметничките работници“. Финалето е на 13 август на сцената на Долни Сарај.
Квалитетот е задржан и оваа година иако свесни сме сите дека оваа не е лесна година воопшто за Македонија, меѓутоа сите мора да продолжиме да живееме и да се бориме да го направиме овој не толку лесен живот, барем малку поинтересен и полесен. Публиката од година во година се зголемува, особено кога почнавме да работиме шоу на повеќе локации затоа што првенствено маратонот започна во Џез Ин, но се трудиме секоја година да имаме развој и во смисла на квалитет и локации, односно програмата да биде што побогата. Нормално дека со присуството на повеќе локации публиката се зголемува и комичарите и организациски сите растеме, рече на денешната прес конференција Никола Тодороски, дел од организаторите и учесници на маратонот.
Дел од екипата на локални изведувачи кои ќе настапат во рамки на програмата на Маратонот на комедијата велат следуваат интересни шоуа кои публиката мора да ги погледне.
- Моето соло шоу е на 11 август насловено „20 години панк џез“, направено по повод моето 20 годишно работење во Џез Ин. Се состои од приказни од работењето, начинот на живеење пред 20 години и сега и е една интересна приказна. Сакам да ги охрабрам сите да се пријават на 5 август за шоуто „Отворен микрофон“, кое важи за сите млади луѓе кои сакаат да се претстават со 5 минутен материјал, да си напишат нешто интересно и да ги видиме пред публика, вели Зоран Донев.
- На 30 јули со почеток во 20 часот во култниот Џез Ин јас го работам мојот втор материјал наслов „Фиксно“, микс од црн хумор, поврзани случки со секојдневие, емоции… Ги поканувам сите да дојдат и на ова шоу и на сите други во рамки на програмата, вели Никола Сиљаноски Братучед.
Покрај добро познатата екипа на комичари од Охрид, на годинешниот „Summer Comedy Marathon“ ќе настапат и актерите од соседна Србија, Небојша Грујиќ, Бранко Крсмановиќ, Срѓан Олман, кој ќе учествува на Финалното шоу, како и Лаура Лопез од Мексико.
Филип Ангеличин Жура, дел од организаторите, информираше за одредени детали кои се важни за некои од шоута.
За настанот на 28 август шоуто „Dos Comicos“ кое ќе биде изведено во Куба Либре потребна е само телефонска резервација, не се наплаќа карта. Има уште едно покомплексно шоу со настапот на „Културно-уметничките работници“. За истото ќе биде организиран превоз од Охрид до Планинската куќа Спиридон и враќање назад во Охрид. Странува збор за бенд кој има веќе 8 албуми зад себе и ќе биде вистинско освежување зошто нивниот настап е во согласнот со програмата на маратонот, додаде Ангеличин Жура.
Шоута годнава ќе бидат одиграни на повеќе локации како култниот Џез Ин, Куба Либре, „Monastery Winery“во Опеница, Долни Сарај и Планинска куќа „Спиридон“.
Карти за шоута може да се купат на страната www.hahaha.mk или да се резервираат на тел. бр. 075/283-066.
Н.С.Ј.
фото. А Момироска