Штрајкот на фудбалерите во Шпанија заврши. Овој викенд ќе се играат натпреварите од второто коло на Примера согласно распоредот на натпреварување.


Тоа е резултат на успешно завршените разговори меѓу Здружението на професионални фудбалери во Шпанија и раководството на Шпанската фудбалска лига. Двете страни најдоа решение и наскоро ќе биде потпишан колективниот договор.

Второто коло ќе се игра како што е планирано: Реал во недела ќе гостува кај Сарагоса, Малага во првото дерби гостува на Севиља, додека во понеделник се игра и вториот дерби меч на колото, каде на Ноу камп се среќаваат Барселона и Виљареал.

Ohridnews