Металург загуби на гостувањето кај Ла Риоха 31:25 (16:14), во деветтото коло во Ц групата во Лигата на шампионите и ги загуби шансите за пласман на втората позиција во групата. Составот на Лино Червар играше егал со искусниот противник 40.минути, но техничките грешики кои ги направија младите металурзи во последната третина од натпреварот ги однесоа во пораз.
Вања Илиќ постигна седум, а Немања Обрадовиќ пет гола за Металург, додека Фернандез со 10 голови ја предводеше Ла Риоха.
Во оваа група до крајот треба да се одигра уште едно коло, кое на програмата е на 12.февруари наредната година, кога Металург ќе го пречека тимот на Чеховски Медведи.
извор “макфакс”