Од 2-ри до 5-ти октомври 2014 година Охрид ќе биде домаќин на 42. Октромвриски средби, на медицинските лаборанти и санитарни техничари.
-Овој меѓународен и стручен собир има за цел да овозможи споделување и размена на искуства, развивање на соработка помеѓу колегите како во земјава, така и од странство, се со цел да обезбеди значителен придонес во науката во медицината, информираат од Сојузот на здруженија на медицински лаборатни и санитарни техничари на Република Македонија кој е организатор на Октомвриските средби.
Според објавената програма, учесниците на собирот ќе ги разработат темите за: Клиничка биохемија; Микробиологија; Хематологија; Трансфизулогија; Паталогија; Физологија; Хистологија; Фармакологија; Епидемиологија; Ендокринологија; Патофизологија; Токсикологија; Социална медицина и Екологија.
Инаку Сојузот на здруженија на медицински лаборатни и санитарни техничари е доброволно – стручно здружение на граѓани кој организирано работи на стручно оспособување на своето членство. Во сојузот на Здруженијата на медицински лаборанти и санитарни техничари членуваат медицински лаборанти и санитарни техничари со средно, вишо и високо образование и се здружуваат со заеднички интерес особено во унапредување на стручната работа од подрачјето на здравството и грижа за положбата на своите членови во општеството.
OhridNews