Третата лига од југо-западниот регион покрај шампионот Струга Трим Лум може да има уште еден свој преставник во Втората лига која од следната сезона ќе се подели на исток и запад.

Шанса за искачување ранг погоре има составот на Лабуништа, кој во регуларниот дел од сезоната во третолигашкото друштво заврши на вицешампионската позиција.

Лабуништа во баражот ќе игра кружен систем со екипите на Гоблен Јуниор и Зајас. Двете од трите екипи со најдобар успех ќе ги комплетираат учесниците во Втората лига во западниот дел следната сезона.

Натпреварите од баражот ќе се играат на неутрален терен кој дополнително ќе биде одбран.

OhridNews