Фудбалерите на Лабуништа со триумф (2-0) пред своите гледачи против составот на Гоблен Јуниор ставија точка на натпреварите и возбудувањата во првата полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.
„Црно белите“ до триумфот кој ги зацврсти на втората позиција на табелата стигнаа со еден гол во двете полувремиња. Резултатот после половина час игра го отвори Игор Клечкароски, кој биеше прецизно од белата точка. Победата ја потврди Методија Милески во 79-та минута од мечот.
FK LABUNISHTA 2011 1:0 FK GOBLEN
Geplaatst door FK LABUNISHTA 2011 op Zondag 25 november 2018
Лабуништа со 27 бодови се наоѓа на втората позиција на табелата, додека есенски шампион е тимот на Струга Трим Лум, кој прв низ целта мина со 28 поени. Третопласирана екипа е Велазерими од Кичево со 21 бод, додека водечката четворка ја комплетира Гостивар со 19 бодови.
OhridNews