Новиот шампион во Шпанија, Реал Мадрид ќе мора вниманието да го насочи кон друг фудбалер откако ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе најави останување во францускиот клуб.

Останувам, ќе бидам и четврта година дел од проектот. Ќе продолжам без разлика што ќе се случи и ќе се обидам да освојам што е можно повеќе титули. Ова е важна година, се работи за 50-ет годишнина на клубот, па ќе се обидам да го дадам максимумот и да донесам што повеќе радост и успех за сите. – изјави Мбапе.

Репрезентативецот на Франција беше и се уште е голема желба на Флорентино Перез кој секогаш ги посакува најдобрите фудбалери во Реал Мадрид. Вредноста на Мбапе на трансфер пазарот изнесува 150 милиони евра.

Мбапе во ПСЖ се пресели од Монако.

OhridNews