Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од снег во западните делови а во останатите делови ќе има услови за слаб локален снег. Во Охрид, температурата викендов ќе се движи од -2 до 5 степени.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, но забавено по влажни и лизгави коловози поради врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловозите во пониските делови. Исклучок се планинските превои и повисоките места каде има местимични остатоци од снег на коловоз, и наместа појава на голомразица поради ниските температури. Од Авто- мото сојузот на Македонија на возачите им препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината на движење по влажните и лизгави коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност, прилагодена брзина и одржување на потребното растојание помеѓу возилата, препорачуваат и на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Гостивар -Маврово – Дебар – Струга.

OhridNews