Жители на населбата Лагадин денеска ненајавено одржале протест на кој побарале да запре изградбата на хотелот на инвеститорот Никола Толевски. Тие на средба со него му ги предочиле проблемите со кои се соочуваат и побарале да бидат отстранети градежните материјали од јавните површини. Во разговор со локалните жители Толевски им укажал дека градежните работи на објектот се прекинати согласно одлуката на надлежните институции.
Инаку по поднесена претставка на жителите и увид на надлежниот инспекторат општина Охрид го поништи издаденото решение за градба на хотел во населбата Лагадин. Инвеститорот ја обжали таквата одлука пред второстепената владина комисија која одговорила позитивно по однос на решението на општина Охрид за поништување на издаденото решение за градба. Општина Охрид потврди дека второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски ја уважила жалбата на инвеститорот и предметот го вратила на повторно одлучување во локалната самоуправа и најави дека наскоро ќе биде донесена соодветна правна одлука.
Инвеститорот тврди дека ги почитува законите, и дека не гради голем објект кој ќе го наруши изгледот на крајбрежјето, туку хотел од мал обем со 8 апартмани и 10 соби, за што има склучено договор со туроператор од Холандија
OhridNews












