Матеу Лахоз, иако делегиран, нема да го суди утрешниот натпревар помеѓу Реал и Барселона. Еден од најдобрите шпанските судии се повредил, во средата, кога го судеше дербито во Лигата на шампионите, Баерн-ПСЖ (2-3).

Фудбалскиот сојуз на Шпанија, објави дека Ел класико ќе го суди Хесус Хил Манзано. Овој судија, во кариерата, само еднаш имал можност да го суди најголемото дерби во Шпанија. Во сезоната 2014/2015, Реал ја победи Барселона со 3-1.

Делегирањето на Манзано нема да наиде на одобрување во Барслеона, бидејќи во Шпанија овој судија е означен како навивач на Реал.

Ел класико, се игра во сабота, во Мадрид, со почеток во 21 часот.

OhridNews