Во предвечерјето на празникот на виното и љубовта, во „Куба либре“, се одржа хуманитарна забава која заеднички ја организираа лајанс клубовите Лихнидос, Охрид, Десарети и Деница и Ротари и Ротаракт клубот од Охрид.
На хуманитарната забава што jа иницираше лајанс клубот „Лихнидос“ настапи “Petar Markoski Quartet”.
На хуманитарната забава присуствуваа членови на лајанс и ротари клубовите од градот, хумани граѓани и гости, а меѓу присутните беше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Сите клубови донираат средства кои ќе бидат наменети за лекување на младa личност.
OhridNews



























