Членовите на лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид, во соработка со туристи од Полска кои оваа сезона во голем број престојуваат во нашата земја, деновиве реализираа уште една акција за чистење од отпад на планината Галичица.

Покрај останатите активности, полските туристи имаат и тура за Битола преку Галичица и Преспа. Програмата предвидува пешачење по асфалтниот пат кој води преку Галичица, каде полските туристи и лајансите од „Лихнидос“ собраа поголема количина најразличен цврст отпад расфрлан покрај коловозот.
 
Вакви акции членовите на ЛК „Лихнидос“ и туристите од Полска ќе спроведуваат секоја среда до крајот на септември.

OhridNews