Лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид и оптиката „Анамарија“, изминатиов период активно се вклучија во низата проекти кои ги спроведува општинскиот Црвен крст во рамките на програма ЦКА-ПХВ.
Една од целните групи на која и беше потребно промена на диоптер на очилата, е талентирана ученичка од Охрид, која во идниот период ќе може да постигнува уште поголеми резултати во своето школување.
Покрај ЛК „Лихнидос“, Црвениот крст Охрид и оптиката „Анамарија“, во овој проект активно се вклучи волонтерот на ОО ЦК Охрид, Афродита Адамова, која своето слободно време го насочи кон помош на оние лица на која им е најпотребна.
OhridNews