
Во Охрид, има 10 дипломирани актери во Охрид кои не се вработени, има потребна опрема , само треба да се реши проблемот со финансирање од страна на Министерство за култура и Локалната самоуправа, сметаат иницијаторите на проектот за формирање на градскиот театар во Охрид.
Драмските уметници од земјата сметаат дека е непримерно градот на културата да нема свој театар, што во голема мера ќе придонесе Охрид културно да живее во текот на целата година, а не само за време на четириесете фестивалски дена на „Охридско лето“.












