Лајонс клубот „Лихнидос“ ќе ја реафирмира идејата за формирање театар во Охрид.Од организацијата сметаат дека постојат релни услови за реализација на ваквата идеја која имаше неколку неуспешни обиди да заживее.

Во Охрид, има 10 дипломирани актери во Охрид кои не се вработени, има потребна опрема , само треба да се реши проблемот со финансирање од страна на Министерство за култура и Локалната самоуправа, сметаат иницијаторите на проектот за формирање на градскиот театар во Охрид.

Драмските уметници од земјата сметаат дека е непримерно градот на културата да нема свој театар, што во голема мера ќе  придонесе Охрид културно да живее во текот на целата година, а не само за време на четириесете фестивалски дена на „Охридско лето“.

Ohridnews