Актуелниот првак во Европа, Баерн Минхен за противник во 1/4 финалето го доби Манчестер Јунајтед, кој со судни маки обезбеди пласман во најдобрите осум. Капитенот на „баварците“ Филип Лам не дозволува еуфорија по релативно одличниот ждреб за Баерн Минхен поради слабата форма на Јунајтед сезонава.

Последен пат овие два тима се сретнаа во сезоната 2010/11 кога пласман понатаму обезбедија германците поради правилото „гол во гости“.
Мх.П.











