Актуелниот првак во Европа, Баерн Минхен за противник во 1/4 финалето го доби Манчестер Јунајтед, кој со судни маки обезбеди пласман во најдобрите осум. Капитенот на „баварците“ Филип Лам не дозволува еуфорија по релативно одличниот ждреб за Баерн Минхен поради слабата форма на Јунајтед сезонава.

– Не смее да го отпишиме Манчестер Јунајтед иако се наоѓа во таква позиција. Табелата во Премиер лигата не треба воопшто да не залажува, затоа ние уште на Олд Трафорд ќе одиме да се надигруваме и да победиме – рече Лам.

Последен пат овие два тима се сретнаа во сезоната 2010/11 кога пласман понатаму обезбедија германците поради правилото „гол во гости“.

Мх.П.