Инсипиративниот капитен на Баерн Минхен Филип Лам ја најави прославата по повод пласманот во финалето од Лигата на Шампиони по демолацијата на Барселона (севкупни 7-0).

– Ќе прославиме со неколку пива. Ова е нешто невообиачено да ја совладаш Барселона на домашен терен со 3-0. Но јас секогаш велев дека имаме специјален карактер во нашата екипа и дека сме способни за постигнувањена големи нешта- истакна Лам.

– Одигравме одличен натпревар. Ова е историја. Одигравме супериорно против тимот кој доминираше во Европа во последните пет години. Оваа екипа има потенција, ова е неверојатно. Најважно беше што одигравме како тим, организирано во двете фази на игра и во напад и во одбрана. Финалето ќе биде посебен меч. Борусија има квалитет кој го потврди во последните неколку години, не очекува возбудлив натпревар во Лондон – рече стрелецот на првиот гол Арјен Робен.

– Знаевме што точно сакаме и како да го постигнеме тоа. Кога дојдов во Баерн реков дека моја цел е да освојувам трофеи. Еден освоив а на пат се уште два. Не очекувавме Меси да не биде во составот, кога видовме дека го нема. тоа беше огромно олеснување  – рече Хави Мартинез кој најверојатно ќе биде единствениот шпанец на сегерманското финале во Лондон.