Филип Лам, капитенот на германската репрезентација, и покрај убедливата победа со 4-2 над Грција, истакна дека во полуфиналето не се дозволиви грешки како оние на мечот со “хелените“.

– Одреден период од мечот се мачевме. На стартот во првите 15 минути имавме многу шанси за да го скршиме отпорот на дефанзивно ореинтираните противници.Дадовме гол, а потоа тие возвратија пред се поради тоа што одигравме невнимателно и неодлучно. Направивме неколку грешки кои во полуфиналето не смеат да се направат. Може да бидеме горди, дадовме четири гола и се пласиравме во полуфиналето. Да бидам искрен сакам да постигнувам голови, но јас не сум најопасниот фудбалер. Среќен сум што со мојот гол го отворивме резултатот – рече Лам.

– Среќен сум за постигнатиот гол во триумфот. Доминиравме во мечот во текот на сите 90 минути, и само поради наше невнимание примивме гол. И покрај примениот гол не застанавме туку продолживме да напаѓаме и стигнавм до победата – рече стрелецот на четвртиот гол, Марио Реус

– Победивме, но на стартот на вториот дел ја отежнавме нашата работа.Но и покрај изедначувачкиот гол, го задржавме ритамо и заслужено победивме. Добро одигравме направивме многу шанси и дадовме четири гола. Наредниот меч без разлика дали ќе биде Италија или Англија нема да биде воопшто лесно, но кога ја наметнуваме нашата игра тогаш е многу тешко некој да не победи – смета играчот за врска, Сами Кедира.