Со концерт на познатиот македонски поп-изведувач, Ламбе Алабакоски, во понеделник во 20 часот свечено ќе биде ставено во употреба сезонското лизгалиште на градскиот плоштад во Охрид.
Како што претходно изјавија од локалната самоуправа, лизгалиштето ќе претставува нова атракција и збогатување на понудата на Охрид.
Инаку, според најавите новогодишната програма на градот Охрид која ќе трае десет дена, започнува утре.
OhridNews