Ова е судбина, секогаш сум верувал во ова. Мојата екипа е неверојатна. Пехарот од Лигата на Шампиони им го посветувам на сите менаџери, фудбалери кои се сменале во мојот престој во “синиот“ дрес – во еуфорија изјава Дрогба.

Се`во финалниот меч се вртеше околу напаѓачот на Челси, Дрогба. Прво го изедначи резултатот во 88-та минута. Во продолженијата направи пенал над Рибери, голманот на “сините“ Чех го изваде откако го одбрани очајниот пенал изведен од Робен. Дрогба одличната вечер ја круниса со победничкиот погодок во петтата серија.

Неможам да поверувам, Дрогба е наш херој. Покажавме огромен борбен дух, а кога најмногу требеша се појави и Дрогба. Тој е фудбалерот за големи натпревари, а тука беше и во финалето против Баерн, пресреќен сум ! – истакна Лампард.

Мх.П.