Еден ден по објавување на информациjaта дека менаџерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челзи, Френк Лампард, англискиот репрезентативец изјави дека дека нема намера да го напушти лондонскиот премиерлигаш.

Тој рече дека не е среќен поради тоа што го загуби местото во стартниот тим, но и дека сака да го одработи договорот со „сините“ до крај.

Лампард е под договор со Челзи уште 18 месеци.

OhridNews