Освојувачот на титулата во Лигата на Европа, Челси со минимален пораз (0-1) од Валенсија ги започна натпреварите во Лигата на Шампиони. „Сините“ имаа шанса да освојат барем бод на Стемфорд Бриџ, но Рос Баркли не погоди од белата точка во 87-та минута и резултатот остана во корист на гостите.

  • Направивме доволно добри шанси и имавме пенал што значи дека игравме супер. Примивме погодок од единствениот обид на противникот кон нашиот гол. Ваквите порази се голема лекција во ЛШ бидејќи игравме добро и не успеавме да победиме. Добар факт кој ни оди во прилог е тоа што има уште пет натпревари и ќе го надополниме она што го изгубивме во првиот. – изјави менаџерот на „сините“, Френк Лампард.

Лампард изјави дека Баркли ќе остане прв изведувач на ударите од белата точка и покрај промашениот на дуелот со Валенсија.

  • Баркли ќе биде прв изведувач без разлика дали ќе биде стартер или ќе влезе од клупата. Постигна два погодоци во предсезонските натпревари. Не знам што разговараа Вилијан и Жоржињо, но тие ќе бидат задолжени за изведување ако Баркли не биде во игра. – додаде Англичанецот.

Челси во втората рунда силите ќе ги одмери со француски Лил, кој претрпе убедлив пораз од 3-0 во дуелот со Ајакс.

OhridNews