Англискиот премиерлигаш Челси се наоѓа на работ од елиминацијата во Лигата на Шампиони, откако на домашен терен изгуби од минхенски Баерн 0-3 во првиот натпревар од осминафиналната фаза. „Сините“ не одиграа на ниво, а „баварците“ не простуваат и по само 90 минути игра ги решија дилемите околу патникот во 1/4 финалето.

  • Ова беше сурова лекција за нас. Баерн Минхен не врати во реалност. Како клуб Челси долги години не бил во ваква позиција, но знам што е потребно да се извлечеме од ситуацијата. Баерн Минхен беше фантастичен. Одигра многу квалитетно. Свесен бев што не очекува и знаев дека ќе биде тешко ако не одиграме совршено во текот на целиот натпревар. Факт е, не одигравме како што треба и немавме самодоверба кога беше топката во наш посе, што мене најмногу ме разочара. – изјави менаџерот на Челси, Френк Лампард.

Поразот од Баерн Минхен е највисок за Челси на домашен терен во историјата од европските натпреварувања. Германскиот гигант е трет клуб во ЛШ кој победил на сите шест натпревари во групната фаза и првиот од 1/8 финалето. Ваков учинок претходно оствариле Барселона во сезоната 2002/03 и Реал Мадрид во сезоната 2014/15.

OhridNews