Френк Лампард потпиша едногодишен договор со екипата на Челси и стави точка на шпекулациите околу неговата иднина.

За навивачите на “сините“ ова е причина повеќе за радост бидејќи Лампард потпиша договор веднаш по освојувањето на титулата во Лигата на Европа.

– Јас сум пресреќен. Сите знат дека јас секогаш сакав да продолжам да играм во Челси. Преговорите беа долги, но завршија како што посакував –
рече Лампард.

Англискиот репрезентативец минатото коло  ги постигна двата погодоци за победа над Астон Вила 2-1 и стана рекордер во лондонскиот состав по постигнати голови.

Мх.П.