Фудбалерот за врска во редовите на Челси, Френк Лампард е блиску до преселба во Кина. Раководството на тимот каде веќе се наоѓаат Дрогба и Ањелка, Шангај обелодени дека главна цел во зимскиот преоден рок ќе биде “везистот“ Френк Лампард.

За услугите на англискиот репрезентативец заинтересирани уште се амеречкиот тим ЛА Галакси каде настапува Дејвид Бекам и лутиот ривал на Шангај, Пекинг.

Лампард во досегашните 568 настапи во дресот на Челси постигнал 189 голови додека во националниот дрес боите ги бранел 93 пати.

Мх.П.