Пилотот на Мекларен Мерцедес, Британецот Ландо Норис, е нов светски шампион во Формула 1.
На последната трка што се возеше денеска во Абу Даби, Норис го освои 3-то место зад клупскиот колега и кандидат за титулата Оскар Пијастри и четирикратниот првак Макс Верстапен на Ред Бул кој и покрај победата на последната трка во сезоната заостана 2 бода во генералниот пласман. Со тоа не успеа да го достигне светскиот рекорд на Михаел Шумахер кој останува единствениот возач со пет последователни титули.
Ландо Норис е 35-ти шампион во 76-годишната историја на Формула 1 која оваа година ни приреди исклучително возбудливива тркачка сезона што кулминираше со драматична завршница во која титулата кај возачите се одлучуваше во последната трка.
Претходно Мекларен ја освои и титулата кај конструкторите со што британскиот тим ја комплетираше супер успешната сезона, особено ако се има предвид фактот дека на светска титула во конкуренција на возачи чекаше од 2008 година.
Новиот шампионат во Формула 1почнува на 8 март 2026 година.
Г.М.
Фото: Илустрација – Freepik












