Средствата кои и се доделени на струшката Агенција за локален развој се наменети за реализација на проектот „Филантропија, човекољубие на дело!“, чија цел е поттикнување на индивидуалната и корпоративна филантропија.
Главна цел на програмата Civica MObilitas е да придонесе кон јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивна одржливост.Програмата работи во насока на постигнување на овие цели преку имплементација на финансиски инструменти за поддршка на граѓанските организации,т.е. проектни, институционални и ад-хок грантови,доделувани на годишно ниво. Оваа година во рамки на програмата финансиски се поддржани вкупно 32 граѓански организации.