Власта на чело со СДСМ  ниту сака, ниту има капацитет да го реши проблемот со Охрид, рече на денешната прес конференција Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Како што истакна Лашкоска, додека одговорноста си ја префрлаат од еден на друг, Охрид би можел за прв пат да се најде на листата на светско културно наследство во опасност, во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан.

  • Надлежните институции наместо веднаш да започнат со решавање на проблемот со дивоградбите, владата предлага нов предлог закон со кој купува време и бега од одговрност. Владата, општините и сите надлежни институции можеа и требаа досега да донесат одлука за рушење на дивоградбите и без овој нов закон, односно со веќе постоечкиот закон. Наместо да делуваат брзо, ефективно и ефикасно власта се реши за купување на време преку предлагање на нов скандалозен предлог закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, рече Лашкоска.

Таа додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи овој закон бидејќи, како што рече, е скандалозен.

  • Со предложеното законско решеније единствено се префрла одговорноста на новиот Совет кој што треба да одлучува со бадентер што е спортивно на Уставот. Неспособната Влада на СДСМ го користи овој закон како изговор, само за да не воведе моратриум за градење. Од овој закон не зависи ниту една од мерките што УНЕСКО ги бара и кои треба итно и без одлагање да се спроведат. Од вкупно 19 заклучоци на Владата донесени во 2017 година за две години беа спроведени само 3 заклучоци што како обврски беа дадени на Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебарца и другите надлежни институции, рече пратеничката од ВМРО ДПМНЕ.

Како што додаде Лашкоска, во однос на дивоградбите се покажало дека бизнис интересите се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид. Ја повика власта Власта наместо нови скандалозни предлог законски решенија, веднаш да почне со работа и го реши проблемот со дивоградбите.

OhridNews