Екипата на Лацио е првиот полуфиналист во Купот на Италија. Во 1/4 финалето “небесносините“ на Олимпико со 3-0 ја совладаа Катанија и обезбедија пласман во најдобрите четири.


“Лацијалите“ отпорот на Катанија го скршија во 31-та минута кога Раду со глава го отвори резултатот. Најдобриот поединец на теренот Хернанес со двата погодоци во 60-та односно 90-та минута го запечати пласманот на Лацио во полуфиналето.

Противник на Лацио во 1/2 финалето ќе му биде победникот од мега пресметката Јувентус – Милан.

Мх.П.