Во последниот натпревар од 14-то коло во Серија А, Лацио на домашен терен прокнижи нови три бода откако со 3-0 го “преслуша“ Удинезе.


“Небесно сините“ работата за триумф ја завршија во првиот дел со головите на Гонзалес и Клосе. Конечната победа за лацијалите ја завери Хернанес на почетокот од вториот дел.

Со овој триумф Лацио ќе ја престигне Рома на табелата и со 26 бодови ќе се најде на петтата позиција на табелата во “калчо лигата“.

Мх.П.