Екипата на Лацио е освојувач на Купот на Италија. На „Олимпико“ во финалето Лацио го совлада градскиот ривал Рома со минимални 1-0.


Во тврд и изедначен натпревар, “небесносините“ со голот на Лулиќ во 71-та минута стигнаа до шестиот трофеј во историјата.


Со освојувањето на пехарот Лацио обезбеди пласман во Лигата на Европа додека Рома по поразот остана со празни раце и наредната сезона ќе се натпреварува само во “Калчо лигата“.

Мх.П.