Натпреварот Лацио – Рома е најпривлечниот во петтата рунда од Италијанскиот куп. Рундата ќе стартува од 14. декември кога ќе се сретнат Парма и Фиорентина, додека сите останати средби на програмата се следниот месец.

На 13. јануари во Торино се среќаваат Јувентус и Катанија, на 18.
јануари Наполи и Болоња, додека ден подоцна покрај мечот на римски
“Олимпико” во Џенова играат Сампдорија и Удинезе.

На 19 јануари ќе се судрат римските ривали, а седум дена подоцна силите ќе ги одмерат Интер и Џенова, односно Палермо и Киево.

Кругот го затвораат фудбалерите на Милан и Бари со мечот на “Сан Сиро” закажан за 20. јануари.