Со голот на “џокерот“ Флокари во четвратата минута од судиското продолжение Лацио го совлада Јувентус 2-1 и се пласираше во финалето од Купот на Италија. Првиот натпревар одигран пред една седмица во Торино заврши без победник 1-1, а “лацијалите“ со победата на Олимпико му го срушија сонот на “бјанконерите“ за двојна круна.


Тренерот на Италијанскиот првак, Антонио Конте реванш натпреварот со Лацио се одлучи да го почне со комбиниран состав, но и тоа не им пречеше на “старата дама“ да креира шанси пред голот на Маркети.

Тоа што не го искористи Јувентус, за само осум минути во вториот дел го направи Лацио, кој поведе со 1-0 со голот на Гонзалес.

Тој резултат на семафорот стоеше до втората минута од шесте во судиското продолжение, кога Артуро Видал го изедначи резултатот. За експлозија на Олимпико се погрижи Флокари длабоко во судиското продолжение откако влезе на местото од Клосе во 70-та минута.

Лацио во финалето од Купот на Италија ќе игра со победникот од вториот полуфинален дуел Рома – Интер.

Мх.П.