Името на годинешнито лауреат на Струшките вечери на поезијата Монгани Вали Сероте, било промовирано на специјална промоција, која се одржала мината седмица во Париз.
Покрај промотивните информации за поетот Серото, кои пред присутните ги прочитал Славе Ѓорѓо Димоски, на промоцијата се обратил и македонскиот амбсадор во Франција Агрон Буџаку, кој го истакнал значењето на Струшките вечери на поезијата во рамки на светската културна мапа. На промоцијата зборувал и поранешниот директор на СВП, Данило Коцевски.
Покрај останатите гости на промоцијата приуствувала и Линди Минеле, претставник на Постојаната делегација при УНЕСКО и полтичкиот советник во Амбасадата на Јужна Африка во Париз.
-Госпоѓата Минеле не го криеше задоволството од од веста за оваа награда и истакна дека Сероте е голем поет на Јужна Африка, со големо влијание во развојот на новата јужноафриканска поезија, но и влијателна личност во општествено политчкиот живот денес. Неговата поезија, иако главно се засновува на борбата против Апартхејдот и го допира копнежот по евокацијата, егзистенцијата и политиката. Таа вноси нова свежина и е олицетворение на книжевната обнова на црнечкиот глас од тоа време и претставува искрен говор и проникната визија, анеговата војна против Апартхејдот е војна назборови во најкнижевна смисла, војна која влијае врз срцето и умот, информираше Славе Ѓорѓо Димоски.
На промоцијата бил претставен и добитникот на наградата ,,Мостови на Струга”, францускиот поет Франсоа Ксавие Мегр. Него го прмовирал издавачот на неговата книга Бруно Дусеј, кој кажа дека станува збор за нов и интересен поетски глас.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com