Најмалку едно лице загина, а двајца други се повредени откако лавина затрупа скијачи во местото Савој, во југоисточниот дел на Франција.

Лавината паднала во попладневните часови во текот на вчерашниот ден во областа кај скијачкиот центар Вал Кени на француските Алпи, на височина од 2.300 метри.

Како што објавија француските медиуми, во лавината биле затрупани најмалку десетина скијачи, од кои двајца завршија со повреди, најмалку еден скијач го загуби животот, додека останатите според досегашните информации се непорведени.

На почетокот на минатата недела, исто така во лавина двајца скијачи го загубија животот.