Лавина затврупала скијачи во зимскиот центар Тињ, кој се наоѓа во југоисточниот дел од Франција. Според очевидци, на кои се повикуваат аветските агенции, поголем број луѓе биле затрупани под снегот, додека од полицијата велат дека нема жртви. Несреќата, како што објавија регионалните власти, се случила во утринските часови.

Спасувачите не можеле да ја користат помошта од хеликоптерите поради лошата видливост. По несреќата скијачкиот центар бил затворен за скијање. Медиумите истакнуваат дека ризикот од лавина во Тињ бил подигнат на четврто, од можните пет нивоа, што претпоставува голема опасност од лавина и дека центарот бил затворен за скијање. Се наведува дека е необично што лавината ја погодила скијачката патека, бидејќи патеките редовно се одржуваат, а лавините се случуваат надвор од нив каде што снегот е помалку стабилен.

Минатиот месец четворица скијачи страдаа во истото место кога лавината ги погоди додека беа вон скијачката патека. Тогаш властите соопштија дека настраданите ја предизвикале лавината, бидејќи се движеле во дел каде што не требало да бидат.