Разликата во квалитетот гостинските фудбалери ја покажаа уште на стартот од мечот кога во 2-та минута поведоа 1-0 со голот на Бобан Јанчевски.
Корпулетниот фудбалер до крајот на првиот дел уште два пати ја тресеше охридска мрежа. Останатите два погодоци беа дело на Благочје Божиновски и Бојан Иванов.
Популарниот “јанкер“ во вториот дел го продолжи гол шоуто и со уште три погодоци стигна до шестиот на натпреварот. Десетката во мрежата на Охрид ја комплетираа Атлетски и Адем.
“Рибарите“ со двата голови на Александар Бакулески и Митрески Борче успеаја да го ублажат поразот од лидерот.
Опстанокот за охридските бели во Втората македонска фудбалска лига се сведува на теорија додека шампионскаа титула на “лавовите“ и влез во елитата е се поизгледен