Смрзнати лазањи со говедско меско од шведскиот бренд „Финдус“ нема на македонскиот пазар, потврдиле инспекциските контроли направени вчера.

Ова следува откако британската Агенција за безбедност на храната, откри дека  дел од смрзното храна на европскиот пазар, наместо говедско содржи голем процент на коњско месо.

Според најавите на Македонската Агенција за храна и ветеринарство, во наредниот период ќе следи засилен мониторинг на операторите со храна во земјава, како би се откриле нерегуларностите.

Засега, лажно декларирно месо се продавало во Велика Британија, Шведска, Романија, Франција и Ирска, додека според информациите на Би-Би-Си, го имало и на пазарите во уште 11 европски земји.

Инаку, според анализирани примероци во европските земји, „говедското месо“ содржело од 60 до 100 отсто коњско месо.

OhridNews