СДСМ е одговорна партија, ние сакаме консензус за важни прашања како што се изборите. Доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни, бидејќи тогаш истекуваат сите изборни рокови, 22 дена после завршувањето на вонредната состојба, вели во своето обраќање до јавноста пратеничката Жаклина Лазаревска.

  • ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржа распишување избори, влезе во техничка влада за да заедно организираме избори, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи,  дури има и свое бројче на гласачкото ливче. Ако нема консензус, на изборите на 21 јуни на гласачкото ливче со сигурност ќе ја има листата на ДПМНЕ, рече Лазаревска.

Според Лазаревска, во време кога земјите во соседството (Србија, Хрватска) брзаат да организираат избори за да не влезат во нов Ковид пик и со тоа во нова уставна криза, Мицкоски и ДПМНЕ бараат одлагање на избори.

  • Сите знаат: септември, есента, се најризични за јавното здравје. Светската здравствена организација  постојано алармира дека наесен се очекува нов пик, поради отворените граници, летните одмори, отворањето на школите и градинките. Гласањето ќе биде 100% безбедно. Гласањето е неопходно, изјави Лазаревска која додава дека на земјата и требаат функционални институции.

OhridNews