Над 187.000 основци и 70.000 средношколци, со почитување на сите здравствени протоколи, по една и пол година учење на далечина денес се во своите клупи, целосно вклучени во наставно образовниот процес, вели пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска според која учебната година со физичко присуство се одвива успешно и без проблеми.

Нема подобра опција од настава со физичко присувство и затоа е потребно сите, наставниците, учениците и родителите доследно да се придржуваат до мерките за заштита со цел да се одржи континуитетот на наставата со физичко присуство, вели Лазаревска

Таа додава дека  оваа учебна година е  и особено важна и поради реформите кои се спроведуваат,а кои имаат за цел унапредување на наставниот процес.

Од оваа учебна година имаме нова Концепција за основно образование, нови наставни програми и современи материјали за учење, печатени учебници за прво и дигитални за четврто одделение.За првпат се изработени учебници и на Брајово писмо и во аудио формат за ученици со проблеми со видот и тие учебници се навремено во училиштата.Реформите во образованието носат промени и во начинот на реализација на часовите, обезбедија добро опремени училишта со нагледни средства, со интерактивни табли и таблет компјутери за учениците од социјално ранливите семејства, истакна Лазаревска

Целта на новините е  да овозможат училиштата да станат поинтересни места за учениците, каде тие ќе сакаат да престојуваат и каде на полесен начин ќе ги совладуваат материјалите за да стекнат нови вештини и знаења. Како што вели Лазаревска, СДСМ ќе продолжи преку одговорен и инклузивен пристап да инвестира во образованието.

 

OhridNews