Заложбите на парламентарното мнозинство, на Владата, на единиците на локалната самоуправа и на надлежните институции за заштита на светското наследство на Охридскиот регион, се препознаени и соодветно валоризирани, вели пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска. Таа додава дека ова е признание за преземените конкретни мерки, но дека претсои период со бројни предизвици.
Како што најави и Владата, во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел целосна имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебарца како и со граѓаните и надлежните институции, истакна Лазаревска.
Пратеничката истакна дека СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи останува целосно посветена на заштитата на Охридскиот регион.
OhridNews












