Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои членуваат во Комисијата за труд и социјална политика вчера одбија да дискутираат за измени на законот кои предвидува зголемување на опфатот на стечајци кои ќе бидат обештетени од државата. Истовремено, по завршување на дискусијата за Законот за минимална плата, одбија да го стават предлогот на гласање, за тој да продолжи во понатамошмна расправа, рече на денешната прес конференција охридската пратеничка од СДСМ и коалицијата, Жаклина Лазаревска.

ВМРО-ДПМНЕ научена на земање од граѓаните, уште еднаш покажа дека е против ново зголемување на минималната плата овојпат на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите веќе не завршуваат во белиот дворец и затоа се против секоја мерка што носи пари кај граѓаните. Ништо ново од ВМРО- ДПМНЕ, опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица на Груевски. 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорираше стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прави истото и како опозиција, рече Лазаревска.

Како што додаде Лазаревска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари и не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работнции кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда. Според неа, деструкција, грабање на парите на граѓаните и блокирање на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

OhridNews