Владе Лазаревски и Дарко Тасевски се повратниците во составот на македонската фудбалска репрезентација, откако двајцата играчи по подолга пауза се најдоа на списокот на селекторот Мирсад Јонуз за квалификациските дуели со Андора и со Русија.


На поширокиот список се наоѓаат 23 фудбалери, а меѓу нив се и повредените Горан Пандев и Горан Попов.

Голмани : Един Нурединоски, Дарко Тофиловски и Мартин Богатинов.

Одбрана: Бобан Грнчаров, Игор Митрески, Николче Новески, Ванче Шиков, Даниел Мојсов и Горан Попов.

Среден ред: Александар Тодоровски, Владе Лазаревски, Александар
Лазевски, Арменд Алими, Славчо Георгиевски, Величе Шумуликоски, Филип
Деспотовски и Марио Ѓуровски.

Напад: Горан Пандев, Илчо Наумоски, Стевица Ристиќ, Дарко Тасевски, Иван Тричковски и Агим Ибраими.

На 8 октомври Македонија во Ла Вела и гостува на Андора, а четири дена подоцна во Скопје ќе игра со Русија.

OhridNews