Во загребската „Арена“ репрезентацијата на Македонија во втората рунда од фазата по групи на Европското првенство ќе се сретне со Црна Гора. Нашата селекција почна со победа над Словенија и зачекори кон пласман во главната фаза, додека Црна Гора изгуби од Германија и својата шанса ја гледа во Македонија.

– Ништо не е завршено, математички се уште не сме пласирани и покрај добрата ситуација во која се наоѓаме. Не очекувам тежок меч и вистински предизвик. Не треба да дозволиме македонскиот менталитет да проработи и после победа да следува опуштање и компликување на работите во групата. Многу ме радува пристапот и внимателноста на соиграчите во репрезентација, што ми дава голема надеж пред натпреварот со Црна Гора. Нашиот противник ќе тргне агресивно кон победата, а на нас ни останува да оддолееме на нападите и да ја ублажиме играта. Имавме некои добри работи на дуелот со Словенија кои треба да ги задржиме, а имаше негативни кои треба да ги остраниме. – изјави капитенот на Кирил Лазаров.

Десниот бек со седум голови беше втор стрелец во триумфот над Словенија. Со осум погодоци „прва пушка“ беше Дејан Манасков.

OhridNews