Богатата и успешна кариера капитенот на Македонија, Кирил Лазаров ќе ја продолжи во Франција односно во тимот на Нант со кој потпиша двогодишен договор за соработка.


Недела дена се шушкаше за трансфер во Франција и на крајот се оствари. Лазаров во Нант ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот со Барселона после сезонава му завршува на леворакиот бомбардер.

– Доаѓам во амбициозен клуб, кој од година во година напредува. Имам можност да играм во еден од најдобрите шампионати во светот и да играм во Лигата на шампионите. Ги гледам мечевите од францускиот шампионат и многупати сум го гледал Нант. Ова е ново поглавје во мојата кариера. – изјави Лазаров.

Ова ќе биде прва авантура на Лазаров во Франција. Капитенот на Македонија остави неизбришлив траг настапувајќи за Атлетико Мадрид и Барселона во Шпанија, за Веспрем во Унгарија, за Загреб во Хрватска и во македонските клубови Пелистер, Овче Поле и Борец.

OhridNews