Улогата на предводник на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров ја потврди на мечот со Русија. Покрај десетте погодоци, Лазаров на последниот тајмаут во манир на голем спортист се наметна и со висок тон му се обраќаше на сите ракометари. Тоа вроди со плоб, Македонија го одбрана последниот напад и освои бод против селекцијата на Русија.


Мх.П.